Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 15 до 24 степени, информираат од УХМР.
Метеоролозите за во петок и сабота најавуваат зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Утринската температура во петок ќе биде во интервал од 4 до 12 степени, а дневната од 13 до 20 степени. Во сабота утринската температура ќе изнесува од -1 до 7 степени, а дневната ќе се движи од 14 до 20 степени.
Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, велат од УХМР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.