еМагазин
Image default
Македонија

МОН ќе прави реформа на учебниците по реакциите на јавноста за содржините

Министерството за образование и наука (МОН) формираше работна група којашто развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование, информираат од таму.

„Потребата од воведување на целосно нов систем за изработка на наставни материјали е резултат на постојаните реакции од јавноста, родителите/старателите, учениците, но и самите наставници за квалитетот на учебниците, долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекување на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности.

Работната група е составена од претставници од Министерството за образование и наука, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието како и претставници од меѓународни институции и граѓанскиот сектор,“ се вели во соопштението.

Групата веќе работи на анализа на најдобрите искуства и практики од неколку европски, скандинавски и земји од регионот, врз основа на која ќе се изготви целосно нов систем за унапредување на квалитетот на наставата кој подразбира не само употреба на учебници, туку и изработка и употреба на разни видови на наставни и дидактички материјали за наставниците и учениците.

„Голем број на земји во светот веќе го имаат надминато системот на класична употреба на учебник, поради што учениците своето знаење го стекнуваат преку различни извори на информации и разновидни дигитални алатки.

Ова е идеја и на голем број наши наставници, но е дел и од препораките на ОЕЦД за системот на образование во нашата земја.

Реформата на учебниците ќе се прави во широка консултација, истовремено со реформите за основно образование, а планот е да се воведе од следната учебна година,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Џафери во Загреб го прими Орденот Јарослав Мудриот од Украина

Редакција

Македонското МНР ги осуди иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден, трет портпарол

Редакција