еМагазин
Image default
Да помогнеме

Градоначалникот на Гевгелија упати апел до фирмите финансиски да и помогнат на Општата болница

Загрижувачката епидемиолошка состојба поради порастот на бројот на заболени пациенти од Ковид-19, како и недоволниот капацитет на сместувачките капацитети за нивен третман, ја натера Општата болница во Гевгелија да преземе активности за преадаптирање на простории кои веќе завршија или се при крај.

-Некогашното одделение за мигранти, каде се врши тестирање на болните со симтоми, се проширува за дополнителни осум кревети, а Невропсихијатриското одделение е адаптирано за пациенти на кои им е потребна деноноќна терапија, рече директорот на болницата Митко Крџев кој истакна дека сега треба тие да се уредат и опремат со неопходни апарати.

Поради ова градоначалникот Сашо Поцков, на последната седница на Општинскиот кризен штаб рече дека Општина Гевгелија од сопствениот буџет ќе додели 377.000 денари за доградба на Дневниот ковид центар и ги повика сите фирми од општината доколку се во можност финансиски да помогнат.

–Апелирам до гевгелиските фирми да покажат општествена одговорност и да донираат финансиски средства на сметката за донации на Општата болница која има потреба од соодветна апаратура за третман на заболени лица од коронавирусот, рече Поцков.

Донираните средства ќе бидат искористени за набавка на десетина конектори за оксигенска терапија, ЕКГ апарати, монитори и кислородни боци.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да донираме за предвреме родените бебиња, во пресет на Светскиот ден на предвременото породување, 17 ноември

Редакција

Советот на странски инвеститори организира „Светски пикник“ во Градски парк во Скопје, в недела

Редакција

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком

Редакција