еМагазин
Image default
ЖИВОТ

СДСМ е за декриминализација на марихуаната

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров учествуваше на првиот Македонски канабис форум, во организација на граѓанската организација “Билка“, која се залага за декриминализација и легализација на канабисот, информираа од партијата.

– Овој форум е доказ нашето општество се менува, се демократизира, претставици на политички партии зборуваат за тема, која за многумина е табу. Дискусијата е првиот чекор, да седнеме да разговараме, да споделиме идеи, да ги видиме вашите барања, да го разгледаме правниот систем, да ја дефинираме рамката по која ќе работиме, во кој правец ќе се движиме, изјави Петров.

СДСМ, додаде тој, е модерна еввропска партија, ги следиме трендовите ги демократските процеси и истакна дека особено важно на оваа тема е едукација и демистификација и ние заеднички да работиме на едукацијата, од здравствен, човечки и економски аспект.

– Од здравствен аспект канабисот во многу држави се користи во здравствени цели, втора работа е човечки аспект, многумина се маргинализирани, осудени, не можат да извадат потврда за неосудуваност поради мала количина канабис и тоа треба да го промениме, рече Петров.

Во врска со економскиот аспект, потпретседателот Петров истакна дека легализирањето и декриминализацијата на канабисот, носи економски бенефити, кои никој не може да ги порече, наведувајќи ја како пример Канада, каде легализацијата на канабисот во првата година донесе приход од 8,4 милијарди во БДП, вработени 10 илјади луѓе и го намали црниот пазар.

– Ова е процес што ќе трае, ова не е процес што ќе може преку ноќ да се смени, но со добра организираност, со добра политичка волја и фокус на едукација мислам дека можеме како општество да ги видиме и здравствениот аспект, но и економскиот аспект од легализирањето на канабисот, порача Петров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Кои се фирмите кои влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во Македонија

Најмногу фирми за одгледување медицинска марихуана има во Струмица и Скопје

Владата подготвена да расправа за декриминализација на марихуаната со измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци

„Билка“: Не може Вие да сте бизнисмен со огромен број растенија, а јас со три грама канабис да бидам криминалец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топлиот бран ќе трае до среда: Сончево и многу топло време и денеска

Редакција

Синот на Амди Бајрам, Габриел негативен на корона вирусот

Редакција

Почина Јана Арсовска, девојката борец за која се немаше слух за помош

Редакција