еМагазин
Image default
Балкан

Грција од сабота во целосен карантин до 30 ноември

Од сабота наутро Грција влегува во целосен, втор карантин во траење од три седмици, а отворени ќе останат градинките, забавиштата и основните училишта.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на прес конференција, ги соопштија новите мерки за справување со епидемијата.

– Како што знаете донесовме одлука од сабота во 6 часот наутро, откажување активности, кои ќе трае три седмици до 30 ноември, истакна Мицотакис.

Исто како и за време на првиот карантин, движењето за граѓаните ќе биде само за конкретни причини и само со претходно испратена смс порака.

Отворени, освен градинките и основните училиштата, ќе бидат и супермаркетите, аптеките, бензинските станици, а сѐ останато е затворено, средните училишта, универзитетите, продавниците, фризерски салони, фитнес центрите, кафулињата и рестораните, итн.

Новиот локдаун доаѓа по драстичното зголемување на бројот на нови случаи на дневно ниво, како и на бројот на пациенти приклучени на апарати и зголемениот притисок врз здравствениот систем.

Мицотакис рече дека во изминатите пет дена има агресивно зголемување на новозаразените, односно како што истакна, „речиси 10.000 случаи за пет дена“, а додаде дека има и големо зголемување на хоспитализираните и на пациентите приклучени на апрати.

– Овој бран треба да го запреме, истакна грчкиот премиер.

Во периодот од 23 март до 4 мај годинава Грција беше во целосен карантин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веста за смртта на Балашевиќ и во „Вашингтон пост“: „Остана омилен на етнички поделениот балкански регион по војната“

Редакција

Има 7 дена да предложи влада: Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов за кандидат за нов бугарски премиер

Редакција

Денеска во Тирана Самит Западен Балкан – ЕУ

Редакција