еМагазин
Свет

Данска ќе убие 17 милиони куни поради откриена мутација на Ковид-19

Околу 17 милиони куни ќе бидат убиени во Данска, откако мутирани примероци на коронавирусот којшто може да се пренесе и на човекот беа откриени на една од фармите за куни, објави Би-би-си.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен истакна дека мутираниот вирус претставува ризик за ефективноста на вакцината против Ковид-19. Данска е најголемиот производител на крзно од куни во светот.

Од данските безбедносни служби соопштиле дека убивањето на животните треба да се случи што е можно побрзо.

Случаи од коронавирусот се детектирани на фармите за куни во северниот регион на Данска, но и во други делови од Европа.

Целата сторија ОВДЕ.

Фото: Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секогаш сме кажувале, немаме никакви лоши намери кон нашите соседи, вели Путин

Редакција

Шпанија, Норвешка и Ирска ја признаа Палестина

Редакција

Европска Унија со санкции за Путин и Лавров, ќе им го замрзне имотот

Редакција