еМагазин
Image default
Бизнис

Пад на извозот за 15,2 отсто во периодот јануари-септември

Вкупно 9.396.015.000 евра изнесува трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит е 1.282.935.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76 отсто.

Вкупната вредност на извозот е 4.056.540.000 евра и бележи пад од 15,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока изнесува 5.339.475.000 евра, што е намалување за 13,2 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот.

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – септември 2020 година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски телеком: Македонските оператори принудени да прават прекини на телевизиските програми

Редакција

Работниците на протест, Владата го разреши менаџерскиот тим на „Колска“

Редакција

Надзорниот одбор денеска не ги разреши директорите на М-НАВ, седницата продолжува утре

Редакција