еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Аеродром има повеќе активни случаи на Ковид-19 од колку што Струга, Битола и Охрид имаат вкупно

Скопската Општина Аеродром со денови има најмногу активни случаи на Ковид-19 во рамките на Скопје, но и на национално ниво.

Како Општина, Аеродром со 1.077 случаи има повеќе активни на Ковид-19 од сите други македонски општини (освен Скопје како целина). Втора е Општина Тетово (928), следи Прилеп (765), па Куманово (679). Треба да се напомене и дека овие урбани општини ги опфаќаат и случаевите во уште по неколку рурарални општини.

Она што е интересно кога се во прашање бројките, е дека Аеродром има повеќе активни случаи на Ковид-19 од колку што имаат вкупно случаи на корона вирусот од почетокот на пандемијата општини како Струга (940), Битола (1.054), Охрид (957)…

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврокомесарот за проширување Вархеји денеска во Скопје ги носи првите вакцини од ЕУ

Редакција

Кластери на заразени од Ковид-19 во основно и средно училиште и во градинка во Струмица

Редакција

Што сведочеше професорот Борче Давитковски на судењето за „Маџар телеком“

Редакција