еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со случаи на Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 549 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во регионалните центри во Битола и во Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во внатрешноста, како што се посочува, има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат и дополнителни легла.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 69 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп  94, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 болни, во болницата во Струмица лежат 80 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.134 и има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспектори ги „чешлаат“ болниците за околностите под кои одредени пациенти болни од Ковид-19 починале

Ако немаш пари и врски ќе си умреш од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од денешните дојави за бомби во училиштата – лажни, проверката во останатите продолжува

Редакција

Бугарија ни спрема писмен документ со обврски

Редакција

Во функција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Редакција