еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Има нарачки во преработувачката индустрија, но се очекува намалување на вработените

Состојбата на обезбеденоста на производството во преработувачката индустрија со порачки во октомври во однос на септември годинава е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Според оценката на раководителите на фирмите индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври во однос на септември годинава е зголемен за 0,8 проценти, а во однос на октомври минатата година за осум проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти што ја изнеле раководителите за октомври годинава е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на октомври минатата година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври годинава изнесува 68,1 процент од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,2 проценти, неизвесното економско опкружување со 17,2 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 15,5 проценти и недоволната домашна побарувачка со 13,4 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се враќаат старите цени за осигурување на регистрација на возила?

Редакција

Листа на производи кои поевтинуваат од утре

Редакција

Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот

Редакција