еМагазин
Image default
Локално

Татко и син од Скопје обвинети за дилање кокаин во повеќе градови

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца жители на населба Ченто – татко и син, кои неовластено продавале кокаин на купувачи – корисници од село Кондово, Скопје, Тетово и Неготино.

„Обвинетите татко (49) и син (22),  во првата половина на 2020 година, неовластено заради продажба купиле наркотична дрога – кокаин по потекло од Јужна Америка, од непознато лице, припадник на меѓународна организирана група.

Купената дрога сите заедно ја пренеле преку државната граница во земјава и неовластено ја држеле во заедничката семејна куќа во населбата Ченто.

Таткото имал задача, во зависност од нарачките на заинтересираните купувачи, дрогата да ја дели и препакува во пакувања од 0.5 до 5 грама, додека синот бил задолжен за продажбата.

Од почетокот на јули 2020 година до 03.09.2020 година обвинетите по претходни телефонски договори, наркотичната дрога – кокаин неовластено ја продавале на купувачи – корисници од село Кондово, Скопје, Тетово и Неготино“, се вели во соопштението од ОЈО.

Во прилог на Обвинителениот акт, надлежниот обвинител достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

„Притоа беше земено предвид дека се работи за недозволена трговија со кокаин што е поскап вид на дрога, дека за сторителите материјалната страна на обезбедување услови за бегство и за различни начини на попречување на истрагата не претставува проблем, како и евентуалната нивна поврзаност со сторители во меѓународна група специјализирана за недозволена трговија со дрога кои би овозможиле нивна понатамошна ангажираност за повторно вршење на ваков вид на кривични дела“, се вели во соопштението.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична  дрога, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Им ги краделе автомобилите пред очи: Четири лица преку измама се стекнале со имотна корист од над 5 милиони денари

Редакција

Младо момче пронајдено обесено на кејот на Вардар кај ФФМ

Редакција

Општина Охрид го осуди инцидентот помеѓу советниците: Тоа не доликува на избраници на граѓаните

Редакција