Македонската берза информира дека изврши бришење на издавачот „Фабрика Карпош“ АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачот Градежен институт „Македонија“ АД Скопје.
„„Фабрика Карпош АД“ Скопје беше внесена на 11.11.2020 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на Градежен институт „Македонија“ АД Скопје“, соопшти берзата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КХВ: Успешна понудата на Градежниот институт „Македонија“ за преземање на „Фабрика Карпош“
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.