еМагазин
Image default
Македонија

Епидемиолошката состојба во Велес сериозна и критична

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешната седница констатира дека епидемиолошката состојба во Велес е сериозна и крајно критична, иако постепено состојбата се смирува доколку се прават споредби со состојбите од пред десетина дена, информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој информира дека Штабот им препорача на претпријатијата, таму каде што има кластери да се прават паузи за да се проветруваат просториите, особено на места со поголем број вработени.

Oд денешната седница произлезе и препорака за заштита на таксистите во возилата кои без да се пријават ги користат и лица инфицирани или сомнителни на вирусот.

Како што рече Коцевски, доста се доцни со анкетите во Центарот за јавно здравје поради што има големи разлики во податоците што доаѓаат од Центарот и од МВР за точната бројка на позитивни и лица во изолација.

Тој информира дека во Велешката болница вкупно се хоспитализирани 76 пациенти, од кои во најголем број на инфективното одделение 63. Од нив 56 се позитивни, тројца се негативни и четворица непотврдени. 32 пациенти се на кислородна поддршка.

Во Велес има четири нови починати пациенти. Сите четворица биле позитивни на вирусот и сите се од подрачјето на Општина Велес.

Во велешката болница 30 вработени се позитивни, а 12 се во изолација.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку потрошиле претседателските кандидати: Сиљановска Давкова и Пендаровски најмногу

Редакција

Груевски се огласи на Фејсбук за новите истраги на СЈО против него

Редакција

Двајцата обвинети се изјаснија дека не се виновни за убиството на Никола Саздовски

Редакција