еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се огласи „неискусниот“ Пендаровски: „Да се избегне историскиот ревизионизам заснован врз политички конструкции“

Премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју кое предизвика силни полемики во јавноста на забелешка на новинарот на БГНЕС за изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека политиката на Бугарија е „живковистичка“ изјави дека Пендаровски е пријател на Бугарија, иако не е толку искусен политичар како него.

„Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на Договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, вели Заев.

Во интервју за „Дојче Веле“, претседателот Пендаровски, кој вчера не сакаше да ја коментираа оваа изјава, се осврнува и на ваквите ставови на Заев.

„Го погледав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност, и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање.

За решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои политичка волја што понекогаш подразбира и политичка храброст да дојдете до консензус кој никогаш не ви го зголемува рејтингот, и второ – да се држите до историските факти кои се меѓународно верификувани и до политичката реалност која е очигледна.

Во првиот дел, нашата јавност знае дека јас сум првиот македонски политичар во историјата кој јавно понуди поширок политички дискурс во однос на еден од најголемите апостоли на македонското револуционерно движење. Меѓутоа, не отидов понатаму, затоа што тоа е работа на Комисијата составена од историчари, најмалку работа на политичарите.

Со премиерот Заев во многу наврати сме разговарале на оваа тема и никогаш не сме имале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но, дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја.

Истовремено, во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите.

Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница.

И на секој од нив јасно му кажувам дека македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции“, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: „Заменивме 20 табли на кои пишуваше бугарски фашистички окупатор – Бугарија не е фашизам, туку наш пријател“

„Од песната „Ние не сме Срби, Бугари ни Грци“ ќе остане само “Ние не сме““: Твитер реакции за интервјуто на Заев

„Заев ја обвини Југославија дека ги разделила Македонците и Бугарите“: Што пишуваат регионалните медиуми за интервјуто на премиерот

Членот на македонскиот дел од мешовитата Комисија со Бугарија, Спасковска се огради и ги осуди изјавите на Заев

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство со предистражна постапка за тоа кој му помогнал на Груевски во бегството

Редакција

Мерките за превенција од коронавирусот на повисоко ниво: Патниците од Италија ќе пополнуваат прашалник уште во авион

Редакција

Родители пријавени во полиција бидејќи ја малтретирале малолетната ќерка

Редакција