еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 833 пациенти со Ковид-19, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 833 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекува 61  пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 114, во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не сме далеку од решение со Бугарија, вели Заев во интервју за МИА

Редакција

Продолжува судењето за организаторите на 27 април, Талат Џафери повикан како сведок

Редакција

Силјановска: Посакувам да бидам претседателка кој обединува во овие тешки времиња

Редакција