еМагазин
Image default
Македонија

99 деца до 9 години меѓу новозаболените со Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 23 до 29. ноември покажуваат дека најмногу новозаболени со Ковид-19 во Македонија се регистрирани во возрасната група на лица над 60 години.

“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.624, 24,1%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.409; 20,9%), 40-49 (n=1.258; 18,7%), 50-59 (n=1.210; 17,9%) и 20- 29 (n=877; 13,0%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=99; 1,5%) и 10-19 години (n=261; 3,9%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.420 (51,7%) лица од машки и 3.325 (49,3%) од женски пол„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување за 9,9%: За една недела 6.745 нови случаи на Ковид-19

7 лица биле на возраст од 30-49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец и двајца кочанци завршија во државен карантин поради непочитување на мерките за изолација

Редакција

Се забранува собирање во група, повеќе од 5 лица во паркови и на други јавни места и површини

Редакција

Ахмети не им се извини на Алфа и на Телма, тоа што го кажал се однесувало на реакциите на граѓаните

Редакција