еМагазин
Image default
Локално

Приведен 40-годишен дилер во Ѓорче Петров: Го фатиле со ќеса со марихуана

Вчера (02.12.2020) во 19.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(40), кој на подрачјето на Ѓорче Петров нудел за продажба марихуана, информира МВР.

„Е.М. бил пресретнат од страна на инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога, кои при негов преглед, пронашле и одзеле ќеса со марихуана, која му била подготвена за понатамошна продажба.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропно супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најден починат 54-годишник во стан во Центар

Редакција

Скопјанка пријавила дека тетин се обидел да и ги обљуби двете ќерки

Редакција

Кривична пријава за радовишанец кој шетал позитивен со коронавирус

Редакција