Негирањето на Македонскиот национален идентитет од страна на Владата на Бугарија е класичен непријателски чин, а ветото на евроинтеграцискиот процес на Македонија е антицивилизациско, антиевропско однесување, со тешки последици по безбедноста, стабилноста и мирот на Балканот и пошироко, велат од Демократски сојуз.
„Треба многу јасно да им соопштиме на Владата на Бугарија, дека немаме заедничка историја, дека Македонскиот народ има посебна автентична историја и “корења” и дека не прифаќаме уцени и условувања како суверена и независна, проевропска и модерна држава.
Демократскиот сојуз ги повикува лидерите на земјите членки на Европската Унија, да направат се што е во нивна моќ, Македонија да може да чекори напред.
Сигурни сме дека само на тој начин ЕУ ќе влијае на стабилноста, јакнење на демократските капацитети и економскиот развој на Балканските држави.
Правдата, меѓусебното разбирање, почитување на различностите и разрешување на отворените прашања преку дијалог, се вредности за кои се залагаме и за кои сме цврсто определени.
Сме за добри односи со сите соседи, вклучително и со Република Бугарија, без било какви резерви и условувања. Наместо негирања и блокади, сме за слободно движење на луѓето, капиталот и идеите“, се вели во соопштението од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Демократски сојуз