еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Заев за новогодишната ноќ дома со сопругата и децата

Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција на која што информираше дека Владата ги усвои предложените мерки од Комисијата за заразни болести, изјави дека новогодишната ноќ ќе ја прослави во својот дом, заедно со неговото поблиско семејство.

– Лично јас ќе бидам во мојот дом, заедно со сопругата и со двете деца. На влада исто укажавме, на сите институции и функционери каде што сум надреден, како претседател на извршната власт, директна препорака, да бидеме пример, за почитувањето на мерките, како најодговорни, затоа што само така ќе очекуваме нашиот народ да ги следи позитивните примери, изјави премиерот.

Заев појасни дека тоа не значи оти граѓаните не треба да заминат од домот и да одат во село, ако некој има куќа, да замине во Берово, Маврово, на Шапка, во Охрид, во Дојран, во Преспа, или во било кое од туристичките места, меѓутоа, тоа треба да биде во кругот на семејството.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска ветровито и студено

Редакција

Болничарот Јовица Ѓоргиев од Скопје спаси 15-годишно девојче од давење кај Саранда

Редакција

Што откако ќе бидете комплетно вакцинирани: Како да се заштитите себе си и другите?

Редакција