еМагазин
Image default
Балкан

Во Бугарија притворен македонски државјанин, превезувал 33 килограми марихуана

Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69.000 евра во автомобил со кој управувал државјанин на Северна Македонија.

Автомобилот марка „киа“ со македонски регистарски таблички бил стопиран на граничниот премин меѓу двете земји на 23 декември кога цариниците, при контрола, пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.

Возачот, Р.Р. (58), патувал сам, од Република Северна Македонија преку Бугарија до Турција.

Денеска, на барање на Окружното обвинителство – Хасково, судот на Р.Р. му изрекол мерка притвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во Лариса против Догoворот од Преспа со трактори

Редакција

Европската комисија најави санкции за Косово

Редакција

(ВИДЕО) Со солзавец почна протестот во Солун против Договорот од Преспа

Редакција