еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Почна вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од ЕУ

Масовната вакцинација против Ковид-19 во земјите-членки на Европската Унија почна денеска откако вчера првите дози од вакцините на „Фајзер“ против Ковид-19 беа доставени до сите земји на ЕУ.

Согласно плановите за вакцинација што одделно ги објавуваа земјите-членки, прво ќе се вакцинираат приоритетните групи, меѓу кои медицинските лица, луѓето во домовите за стари лица и хронично болните.

Инаку, медиумите пренесоа дека Унгарија, Германија, Словачка, Франција и Шпанија уште вчера ги дале првите дози и не се придржувале до договорениот синхронизиран старт на вакцинацијата во ЕУ закажан за денеска.

ЕУ набави вакцини за 450 милиони граѓани и се очекува по вакцинацијата да спласне ширењето на заразата од Ковид-19.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Фабрика од Гостивар продавала канабис на црниот пазар, уапсени сопственикот и вработен

Редакција

На четиричлено семејство во Македонија му требаат најмалку 57.467 денари да го помине месецот

Редакција

По МВР и Амбасадата на САД со предупредување: Постои зголемен ризик од терористички напади во Северна Македонија

Редакција