еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Банките ја зголемија добивката сред пандемија од Ковид-19: Ќар од 95 милиони евра за девет месеци

Во првите девет месеци од 2020 година, банкарскиот систем оствари добивка од работењето во износ од 5,9 милијарди денари или 95 милиони евра, којашто во споредба со претходната година, е повисока за 2,1%, или за 123 милиони денари, покажуваат податоците на Народната банка

„Растот на финансискиот резултат се должи на зголемувањето на капиталната добивка од продажба на преземени средства, но и на остварените приходи од наплата на отпишани побарувања, растот на нето каматниот приход и намалувањето на оперативните трошоци.

Определено влијание за повисоката добивка имаше и излезот на една банка од банкарскиот систем, којашто работеше со загуба“, се вели во Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка во третиот кварталод 2020 година.

Имено, на 12 август 2020 година, беше укината дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје.

Сега во Македонија функционираат четиринаесет банки, од кои десет се во претежна странска сопственост.

Сите банки заклучно со септември имаат позитивен финансиски резултат од работењето.

Средните и малите банки ја зголемија добивката, додека кај групата големи банки профитабилноста се намали, во споредба со истиот период од претходната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте го Рептил од другата страна: Посакуван работодавач на силно конкурентниот македонски пазар

Редакција

Ќе излезе ли Македонија од Отворен Балкан?

Редакција

Се работи за незнаење, вели Заев за тоа што Трифонов не нарече „северномакедонци“

Редакција