еМагазин
Image default
Локално

(ВИДЕО) И радовишани имаат „фраер“ кој со автомобил вози на плоштад, се пофали на Тик Ток, па беше приведен

МВР информира дека е приведен 24-годишен радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште.

-Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „бмв“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска во 15 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката, соопштија од МВР.

Тој, на 30 декември околу 22 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило.

По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје 509 санкционирани возачи, од нив 75 за пречекорена брзина

Редакција

Се запали „Јагуар“ кај Блаце

Редакција

39-годишна жена загина во сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Редакција