еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Португалскиот министер Силва: Евроинтеграцијата на Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство

Португалија ќе се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, изјави португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари.

Силва на онлајн брифинг за новинарите, како што пренесува Бугарското национално радио, истакна дека отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство.

Тој посочи дека ЕУ досега испорачала многу барања до Северна Македонија. Земјата мораше да спроведе голем број многу важни реформи, па дури и да го смени своето име.

-Тие ја завршија својата работа. Сега е време ние да го завршиме нашето, нагласи Сантош Силва.

Најави дека португалското претседателство преку разговори со двете страни ќе настојува да се надминат недоразбирањата меѓу Софија и Скопје.

-Сега имаме нова ситуација – прашањата поставени од Бугарија. Мојата цел е да разговарам интензивно со владите и на Северна Македонија и на Бугарија. Бидејќи е многу важно внимателно да ги слушнете аргументите на другата страна.

Кога тоа ќе се направи, лесно може да се разбере дека постои заедничка основа врз која може да се работи, заклучи шефот на португалската дипломатија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјани ќе можат електронски да проверат дали им е готов пасошот, ако се фотографирале после први јануари

Редакција

Пендаровски за реакцијата на бугарското МНР: Нема ништо спорно во мојата средба со Македонците од Бугарија

Редакција

(Видео) 60 луѓе со Џокси од дома ја испеаа „На Велигден“

Редакција