еМагазин
Image default
Бизнис

Затворени угостителски објекти во Дебар, Кичево и Охрид, работеле по дозволеното време

На 09.01.2021 во 19.20 часот при извршена контрола во угостителски објект во Дебар, сопственост на Д.С. од Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар во координација со Државниот пазарен инспекторат објектот е затекнат отворен и во него имало осум лица од кои и двајца малолетници, при што лицата се лишени од слобода, а малолетниците во присуство на родител се повикани во Одделение за внатрешни работи Дебар за понатамошно постапување, информираат од МВР.

По документирање на случајо ќе следат соодветни поднесоци.

„На 09.01.2021, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контроли во угостителски објекти во Кичево. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во Кичево, не ги почитувал протоколите за работа на угостителски објекти поради што, од страна на Државниот пазарен инспекторат истиот е затворен.

На 09.01.2021 во 21.00 часот при контрола на угостителски објект во населба Св.Стефан во Охрид од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18.00 часот и во истиот биле затекнати пет лица, при што околу 22.00 часот, пред угостителскиот објект бил приведен, Д.Д.(38) од Охрид, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир.

Од Државниот пазарен инспекторат се преземени соодветни мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава,“ се вели во соопштението на МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски поднесе оставка

Редакција

Дирекцијата на Кроациа осигурување се пресeли до Diamond Mall

Редакција

Раст од 364,66% на добивката на Стопанска банка Битола

Редакција