еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на новите членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Кој е Борис Кондарко?
Борис Кондарко е старо-нов член на Државната изборна комисија по предлог на СДСМ.
Тој е роден во Скопје на 20.08.1973 година.
Во периодот од 1997 до 1999 година работи како адвокатски приправник.
Од 2000 до 2002 година работи како адвокат.
Како адвокат работи и во периодот од 2009 до 2011 година и од 2014 до 2018 година.
Политичка кариера
Во периодот од 1998 до 2000 година е заменик член и член на ДИК.
Во периодот од 2002 до 2006 година е пратеник во Собрание на Р. Македонија, како и во периодот од 2006 – 2008 година.
Од 2011 до 2013 година е претседател на ДИК.
Образование
Тој е дипломиран правник на Правниот факултет ”Јустинијан I“ во Скопје.
Во 1999 година го положил правосудниот испит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во биографијата на Дитмире Шеху, старо-новата потпреседателка на ДИК
Кој е Александар Даштевски: Што пишува во биографијата на новиот претседател на ДИК
Фото: МИА