Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивен и суспектен на коронaвирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 56 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 43 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Во него се додава дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 650 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите.
Фото: МЗ