еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите.

Указот, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија.

Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев останува на ставот за разрешување на Пауновски

Редакција

Путин потпиша одлука за регрутирање нови 134.000 војници, кои нема да се праќаат во Украина

Редакција

Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот Оливер Спасовски

Редакција