Бруто добивката на НЛБ Банка заклучно со 31.12.2020 година изнесува 1.857.334.000 денари и е намалена за 9,3% во однос на истиот период претходна година, соопшти банката преку Македонската берза.
Нето добивката на банката заклучно со 31.12.2020 година изнесува 1.704.271.000 денари и е намалена за 7,9% во однос на истиот период претходна година.
„Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2020 година се пониски за 1,6% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,4%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 19,9% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.
Нето приходите од провизии се повисоки за 1,7% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 0,8% како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали и повисоки приходи од брокерско работење поради зголемен обем на тргување со хартии од вредност.
Расходите за провизии се намалени за 0,8%, главно поради одлуката на НБРСМ за времено укинување на надоместоците за вршење на кеш услуги.
Останатите некаматни приходи изнесуваат 469.615.денари и се повисоки за 32,7% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население, остварена капитална добивка од продажба на превземени средства како и зголемени приходи од курсни разлики.
Вкупните приходи од работење изнесуваат 4.505.693.000 денари и се повисоки за 1,9% во однос на истиот период претходната година.
Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.927.863.000 денари и се намалени за 0,7% при што трошоците за вработени се пониски за 0,6%, трошоците за амортизација се повисоки за 17,1%, останатите расходи од дејност се пониски за 3,9% во однос на истиот период претходната година.
Заклучно со 31.12.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 673.070.000 денари или 57,5% повеќе во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата, квалитетот и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 47.426 илјади денари“, соопшти Банката.