еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Строго доверливо“: Владата не смее да ја открие цената на вакцините од „Фајзер“

Владата на 39. седница одржана на 16 јануари годинава ја усвоила информацијата за набавка на вакцини против Ковид-19 од производителот Фајзер (Pfizer) за склучување на договор и регистрација на вакцината во Македонија.

Владата го задолжила Министерството за здравство да го извести производителот „Фајзер“ дека договорот за набавка на вакцините ќе се склучи без да се применуваат одредбите од Законот за јавните набавки со оглед на тоа дека доделувањето и извршувањето на договорот ќе се класифицира со безбедносна класификација согласно со прописите за заштита на класифицирани информации поради остварување на основните интереси на државата за набавка на вакцини против Ковид-19.

Една од причините за тоа е барањето на производителот „Фајзер“ да се почитува и прифати нивната глобална политика договорот за набавка на нивните вакцини и цената на вакцините да бидат доверливи од друга страна.

„Се задолжува Министерството за здравство веднаш по добивањето на договорот за набавка на вакцините со производителот „Фајзер“ да го достави до Владата и истиот да се разгледа на затворена седница“, се вели во записникот од владината седница одржана на 16 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев очекува деновиве да стигне писмената потврда од „Фајзер“ за вакцините од Србија

Фајзер годинава очекува 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработен во затворот „Идризово“ пуштил осуденик да избега

Редакција

„Абе ај една пријателска да изиграме со Бразил“: Твитер за победатата над Италија

Редакција

(Видео) Шекеринска во неформален разговор со војвотката Кејт Миделтон во Бекингамската палата

Редакција