еМагазин
Image default
ЖИВОТ

До недела со натпросечни температури, од понеделик дожд

Стабилно, топло време со натпросечни дневни температури ќе се задржи до недела, по што ќе следи период на променливо облачно со локални врнежи од дожд.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре и задутре дневната температура ќе достигне до 20 степени, во недела 19, а и во текот на наредната недела ќе биде топло со температура до 17 степени. Утринските ќе се движат меѓу нула и 10 степени.

Од УХМР наведуваат дека топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка на планините.

Од понделник под влијание на влажен бран ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Докиќ: Дебелината главен фактор кај младите што починаа од Ковид-19

Редакција

(Фото) Ќерката на премиерот кај Папата Франциск во креација на Тања Кокев

Редакција

(Видео) Во Скопје на Водици со јажиња од Вардар се вадеа граѓани кои скокаа по светиот крст

Редакција