Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 1 до 7 февруари покажуваат дека за една недела во Македонија има 2.120 нови случаи на Ковид-19.
“Тестирани се вкупно 14.398 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,8% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 2.120 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 4,1% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 10,3 до 17,7%, просечно 14,2%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.011; 47,7%), со неделна инциденца – 163,7/100.000.
Највисока неделна инциденца од 415,7/100.000 е регистрирана во Демир Капија„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела 40 деца на возраст до 9 години во Македонија заболеле со Ковид-19
Зголемување од 3,1%: За една недела 66 смртни случаи на Ковид-19 во Македонија
Бројот на заболени со британскиот сој на Ковид-19 во Македонија се искачи на 56
Фото: МЗ