еМагазин
Image default
Локално

Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

На 28.02.2021, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

За настанот бил известен Јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Град со големина на џамлија го „бомбардираше“ Скопје

Редакција

Ја натепале во казино на улица „Македонија“

Редакција

Во поликлиниките на територија на град Скопје вакцинирани 371 дете

Редакција