еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството бара притвор за тројца демонстранти, кои протестираа за пресудата за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување мерка притвор за три лица, двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, кои на 26 февруари учествувале на протестот за пресудата во предметот „Монструм“.

„Тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица.

Имено, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“, соопшти ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија црпеше искуства од Кина за справување со корона вирусот

Редакција

(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19 од 793 тестирања

Редакција