еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сончево и ветровито денеска, за викендот дожд и пониски температури

Сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец ќе преовладува денеска во земјава.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, а дневните од 12 до 18 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура -2 степена и дневна до 16 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува сончево и релативно топло време и во следните два дена, а веќе од петок ќе се зголемува облачноста.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со пад на дневните температури. Ќе има услови за повремен локален дожд, а на планините ќе има снег.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Автомобил со скопски регистарски таблички падна во море во Неа Каликратија, Грција

Редакција

Влада: Починатите од Ковид-19 не мора да се закопуваат во залемен метален сандак

Редакција

Свежи и помлади: Ваш водич за постпразнична детоксикација со Виталиа

Редакција