ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска Влада доколку ја предводи човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.
Ова го посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ во партиска реакција на изјава на Стефан Васев од СДСМ, а по изнесениот став на премиерот Зоран Заев дека сака да отвори дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата.
-Очигледно е дека Васев не е запознаен со последната изјава на неговиот шеф. Го советуваме Васев да прочита по медиумите што неговиот шеф Зоран Заев бара. Заев денес со неговата изјава за широка влада потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада.
Заев денеска потврди дека неговата влада и мнозинството се неефикасни и немаат капацитет да се носат со проблемите. Заев не е способен да ја менаџира Република Македонија. Наместо Васев да дава празни изјави и да обвинува, нека погледне во неговата партија што се случува, а потоа да говори, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Васев во изјава денеска истакна дека со месеци Христијан Мицкоски и неколку негови соработници, ја лажеле јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети не го бендиса предлогот на Заев да прави заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ
Заев им нуди на ВМРО-ДПМНЕ заедно да прават влада
МИА