еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапи за половина денар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 66 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 68 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 56, а на Екстра лесно масло за домаќинств (ЕЛ-1) 45 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,446 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,843 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени во изминатите седум дена на светските берзи кај бензинот во просек за 1,397 отсто и намалените кај дизелот за 0,124 отсто, како и за 0,832 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анчевска: Желбата да бидам различна ме прави единствена и своја

Редакција

Скопјани од 15 октомври ќе имаат парно: ЕСМ и Адора постигнаа договор за закуп на топланите

Редакција

Склучени осум договори за земјиште на поранешниот агрокомбинат„Џумајлија“

Редакција