еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска облачно време со повремен дожд, на планините снег

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Променливото облачно време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи и во среда особено на северозапад, а на планините и на некои повисоки места повремено ќе врне снег. Во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.

Од овој влажен бран, врнежите ќе бидат пообилни на запад (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и претпладнето во среда кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час).

Потоа следува период на стабилно и се потопло време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска попладне дождови, на некои места пообилни

Редакција

И сами можете да си го симнете сертификатот за вакцинација, кој ќе Ви треба за патување, еве како

Редакција

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени

Редакција