еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како Каракачанов повторно го прекрши Договорот со Бугарија

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов со честитката за 8 Март, на која е картата на т.н. Санстефанска или Голема Бугарија, повторно го прекрши Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Тоа го детектираше и македонскиот претседател Стево Пендаровски, но не и премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, за кои овој чин на Каракачанов е изборен фолклор, иако бугарските политичари постојано посочуваат дека во Бугарија по однос на Македонија ништо нема да се смени по изборите таму.

А во меѓувреме почнаа многу често да прекршуваат Договорот, кој нема врска ни со избори таму, ни пак со избори овде во Македонија.

„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи.

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки“, стои во реакцијата од кабинетот на Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Од агент на бугарската служба за безбедност до вицепремиер: Кој е Красимир Каракачанов

Каракачанов со објавувањето на картата на т.н. Голема Бугарија, во која влегуваат делови од Македонија, Србија, Грција и Албанија, покажа територјални претензии кон друга земја, и го прекрши членот 11 од Договорот, во кој стои:

„Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Оваа не ми е прво прекршување на Договорот. Неодамна тој отворено се закани дека ќе пуштел инжинериски полк во Македонија со задача да ги отстрани и уништи сите споменици и спомен обележја кои потсетуваат на бугарската фашистичка окупација на Македонија за време на Втората светска војна.

Тоа е повторно прекршување на овој член од Договорот:

„Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) “Бугарите сакаат да окупираат делови од Србија“: Српските медиуми со остри реакции за провокацијата на Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стевчо Јакимовски останува во куќен притвор

Редакција

Затвореник во Идризово силуван од цимерот, со помош на трето лице кое исто така било во ќелијата

Редакција

Грција ги отвара плажите во сабота: Ограничување од 40 лица на 1.000 квадрати

Редакција