еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Акционери на Комерцијална банка контра Народна банка: Од Уставен суд си ги бараат дивидендите

Група акционери на Комерцијална банка АД Скопје пред Уставниот суд ја оспорија одлуката на Народна банка за привремена забрана за распределба на дивиденда, информираат од Банката преку Македонската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка донесе одлука за привремено ограничување на исплата на дивиденда на акционерите на банките и на штедилниците

“Денеска до Комерцијална банка АД Скопје беше доставена Иницијативата која до Уставниот суд ја поднесоа Хари Костов, главниот извршен директор на Комерцијална банка, и адвокатот Игор Спировски, поранешен судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија, заедно со поголем број акционери на Комерцијална банка, меѓу кои се Адора инжинеринг, ИГМ Трејд, Гранит, Промедика, Макпетрол, Македонијатурист, ЗСФ ком, Раде Кончар ТЕП, Раде Кончар Сервис, Раде Кончар Апаратна техника, Смелтинг, Езимит вино ДОО Штип и поголем број физички лица-акционери на Банката“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална ја послуша Народна банка, засега нема да дели дивиденда

Иницијативата е за поведување постапка од страна на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, донесена од Советот на Народната банка на 26 февруари 2021 година, велат од Банката.

“Подносителите на иницијативата сметаат дека оспорената Одлука е донесена од страна на Советот на Народната банка без законско овластување за донесување одлука со таква содржина, односно дека таа не е во согласност со член 47, став 1, точка 25 од Законот за НБРМ.

Имено, овој член од Законот јасно го овластува Советот на Народната банка да “врши други задачи утврдени со овој закон“.

Советот на Народната банка не е слободен самиот да си ги одредува задачите што ќе ги врши, туку може да ги врши само оние задачи за кои има изрично овластување утврдено со Закон.

Во ниту една одредба од Законот за Народната банка не е утврдено овластување на Советот со свој акт да пропише ограничување на распределбата и исплатата на дивидендата на акционерите на банките, независно од целите што Советот на НБРСМ сакал да ги постигне.

Со донесувањето на оспорената Одлука, подносителите на иницијативата сметаат дека Советот ги пречекорил своите овластувања и надлежности утврдени со закон и дека таквата одлука во правната теорија и судската пракса се смета за ништовна.

Подносителите на иницијативата, исто така, сметаат дека Одлуката не е во согласност со темелните вредности на Уставниот поредок од член 8 – владеење на правото, правна заштита на сопственоста, слобода на пазарот и претприемништвото.

Врз основа на овие аргументи, подносителите на иницијативата предлагаат Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената Одлука, а потоа истата да ја поништи. Исто така, предлагаат Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на оспорената Одлука до конечното одлучување по предметот“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хари Костов купи 500 акции на Комерцијална банка

Комерцијална банка лани исплатила милион евра за бруто плати и надоместоци на тројца главни менаџери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТЕЦ Осломеј исклучен поради самозапалување на јаглен надвор од електраната, во делот за отпепелување

Редакција

Изложба во Кочани на производи и дизјани изработени од оризови остатоци

Редакција

Настел купи акции во Реплек: Поседува 5,95% од вкупниот број на акции на фармацевстката компанија

Редакција