еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од понеделник со 4.000 вакцини ќе се вакцинираат вработени во МВР, АРМ, новинари, пожарникари, возачи, воспитувачи

Национална техничка група за имунизација против Ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 4.000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24.000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР, кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во Обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик.

Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање. Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максмално да ги почитуваат мерките за лична заштита,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важни совети од Пановски за вакцинираните со „АстраЗенека“ но и другите вакцини

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД ни дадоа нови 4,3 милиони долари за владеење на правото

Редакција

(Видео) Иванов пред три години објави аболиција, ќе има ли ново помилување?

Редакција

Студентите најавуваат нов протест, бараат исполнување на сите барања

Редакција