Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 29 март до 4 април покажуваат дека за една недела во Македонија има 7.933 нови случаи на Ковид-19.
“Тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 6,9% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 21,0 до 35,2%, просечно 29,3%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.534; 44,5%), со неделна инциденца – 572,2/100.000.
Највисока неделна инциденца од 583,3/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ