еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Работниците да не потпишуваат бланко документи за отказ на договорите за работа, апел од Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот

Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојузот на синдикати на Македонија реагира на информациите дека најголем дел од угостителите ги одјавиле работниците.

Од Синдикатот апелираат до работниците да не потпишуваат какви било бланко документи за откажување на нивните договори за вработување.

– Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување.

Укажуваме дека спротивно на закон и на колективен договор е доколку работниците имале склучено договори за вработување да се одјавуваат токму денеска, еден ден пред започнување на мерките со кои се ограничува работењето во овој сектор, велат од Синдикатот.

За ваквите случаи, СУТКОЗ заедно со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), најавува пријави до надлежните инспекциски служби и кривични пријави со цел да се спречат ваквите злоупотреби.

– Работниците ги охрабруваме, сите прекршувања на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ за да можеме навремено да интервенираме и да ги зачуваме нивните работни места, апелираат од Синдикатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1. март можен нов ценовен шок за граѓаните, завршува мерката „гарантирана цена„

Редакција

Конечната одлука за ограничување на маржата на производите се очекува следната недела

Редакција

Индустриските производи поскапеле за 18,5% на годишно ниво

Редакција