Во врска со фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи на кои премиерот Зоран Заев се вози на мотор за време на изминатиот викенд, тој денеска изјави дека направил една убава турнеја од источниот дел на Македонија и се вратил во Скопје и тоа за време на викенд.
Заев потенцира дека не се криел, бидејќи има хоби, а тоа е возење на мотор за кое го кажал и претходно.
„Ниту се криев, ниту некој треба да се крие кога прави нешто за себе. Само да потсетам дека уште кога ме избраа за премиер реков дека за викенд не работам, а во недела сум со семејството и времето го користам за себе.
Недела е ден за себе и јас лично моите батерии ги полнам возејќи мотор. Целосно ги почитувавме сите мерки затоа што немаше забрана и не се движевме никаде за време на полициски час иако имам дозвола за нешто такво,“ изјави Заев.
Фото: Фејсбук/Заев