еМагазин
Image default
Бизнис

„Кристал 1923“ преку јавна понуда ќе продава 50.000 сопствени акции

Собранието на акционери на прехранбената индустрија „Кристал 1923“ АД Велес на седницата закажана за 14.05.2021 година ќе одлучува во предлог-одлуката за продажба на 50.000 сопствени обични акции по пат на јавна понуда.

Во предлог одлуката објавена преку Македонската берза се вели дека станува збор за акции кои претставуваат 10 отсто од основната главнина на Друштвото.

„Номиналната вредност на една обична акција издадена е 25,56 евра. Сопствените акции што се предмет на продажба согласно оваа одлука се стекнати согласно одредбите од Законот за трговските друштва и Законот за хартии од вредност и истите се впишани во Акционерската книга на друштвото што се води во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Целта поради која се продаваат акциите е одржување на стабилноста и ликвидноста на друштвото и усогласување со постојната законска регулатива.

Постапката за продажбата (отуѓувањето) на сопствените акции од член 1 на оваа одлука ќе се спроведе согласно одредбите од Законот за хартии од вредност преку Македонската берза за хартии од вредност, а ќе се реализира преку овластените учесници на пазарот на хартии од вредност-членки на Македнската берза и Централниот депозитар за хартии од вредност.

Продажбата (отуѓувањето) на сопствените акции ќе се изврши по пат на јавна понуда согласно Правилата за тргување на Македонската берза на хартии од вредност АД – Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност“, пишува во предлог одлуката.

Продажната цена на акциите предмет на јавната понуда изнесува 149 денари, а вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 8.700.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кристал“ ќе распродава недвижнини низ цела држава: Mеѓу нив и Стоковната куќа 26-ти јули во Скопје

„Бане комерц трејд“ купи акции во „Кристал 1923“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстичен раст на долгот на граѓаните и фирмите на новата листа на должници на УЈП

Редакција

Нова листа должници на УЈП: 4.519 граѓани и фирми должат 157 милиони евра за данок и други давачки

Редакција

(Фото) Македонската компанија „Сајтрокс“ ставена на црната листа на САД

Редакција