еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Дојран ќе им понуди попусти и бесплатен паркинг на српските туристи

Дојранскиот градоначалник Анго Ангов и директорот на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко угостителските објекти и бесплатен паркинг.

Договорена е и засилена промоција на Дојран како туристичка дестинација во регионот за да се искористат можностите од транзитниот туризам со реализација на повеќе од 150.000 ноќевања годинава.

Овој гест следува како одговор на ноедамнешната донација од Србија која на земјава и донираше антиковид вакцини во вредност од околу 700.000 евра.

– Целта е со овој гест да возвратиме на хуманоста и солидарноста од Србија, но и да им помогнеме на домашните туристички работници кои периодов се во криза, како и со олеснувањата да дадеме придонес српските туристи да не ја одминат Македонија како туристичка дестинација, велат Ангов и Јаневски.

МИА/Фото: емагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани лани во Грција потрошиле 155,3 милиони евра

Редакција

Вучиќ: Србија е најдобар пријател на Македонците, ги сакаме и ништо не бараме од нив, освен да бидеме пријатели и браќа

Редакција

(Галерија) Изложба на фотографии од македонски џез-музичари Џезтетика во Домот на младите во Белград

Редакција