еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студија: Петпати поголема веројатност да се заразите од оние кои прележале Ковид-19

Студија спроведена врз 3.000 млади американски маринци кои немале Ковид-19, покажа дека е петпати поголема веројатност да се заразат од оние кои ја прележале инфекцијата, додека околу 10 проценти од маринците кои се заразиле со коронавирусот биле повторно инфицирани.

Студијата е објавена во медицинското списание „Лансет“.

„Инфекциите во минатото не гарантираат имунитет, вакцинацијата останува клучна“, се нагласува во текстот на медицинското списание „Лансет“.

Од 189 серопозитивни учесници, 19 (десет проценти) биле позитивни на ПЦР-тестовите во следните шест недели, покажа студијата.

Поранешните пациенти меѓу реинфектираните маринци имале помалку антитела и помалку неутрализирачки антитела, во споредба со маринци кои не се реинфицирале, а кои имале Ковид-19.

„Иако антителата добиени со првичната инфекција се прилично заштитни, тие не гарантираат целосно неутрализирање на коронавирусот или имунитет од нова заразување со корона“, се вели во студијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студија: До 10 пати е поголем ризикот од згрутчување на крвта по заболување со коронавирусот, отколку од вакцината против него

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца

Редакција

Косово за 48 часа ја одложи одлуката за казнување на лицата кои не ги смениле регистерските таблички издадени од Србија

Редакција

Пад од 8%: Компаниите кои котираат на Македонската берза за шест месеци оствариле промет од 87 милиони евра

Редакција