еМагазин
Image default
Македонија

Потрошувачката над еден тон: Во штипскиот ковид-центар 66 отсто од пациентите на кислородна поддршка

Во штипскиот ковид-центар денеска се хоспитализирани 86 пациенти, но 57 од нив се на постојана кислородна поддршка. Тоа значи дека 66 отсто од пациентите се зависни од кислород.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека поради тешката клиничка слика на пациентите, кои болнички се лекуваат овие денови потрошувачката на кислород достигна и над еден тон.

-Не знам до кога ќе биде оваа потрошувачка и ќе расте најверојатно наредниот период. Но, со поставувањето на резервоарот со течен кислород малку по малку ќе ни се олесни.

Колку повеќе растеше потрошувачката, тоа повеќе ни изискуваше повеќе кислородни боци и ангажман на вработените и на добавувачите, вели Ѓеорѓијев.

Забележува дека меѓу пациентите имаат и млади, но доминираат тие над 60 години.

Ѓеорѓијев вели дека поголемиот дел од пациентите се со коморбитети, а овој трет бран е далеку потежок, во споредба со есенскиот. Во болницата имаат и неколку новозаразени здравствени работници и технички персонал.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 80-годишен пациент, вкупната бројка на починати од корона вирусот 57

Редакција

Холандскиот парламент блокира преговори со Албанија, но не и со Македонија

Редакција

Мојот пример е за пофалба, а не за критика и дефокусирање од вистинските проблеми во М-НАВ, вели Тасевски за изјавата на премиерот

Редакција