еМагазин
Image default
Локално

За еден ден казнети 128 мотоциклисти

Во текот на вчерашниот ден (15.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 128 возачи, соопшти МВР.

„Од нив, 34 возеле без возачка дозвола, 69 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, информира МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје бара да ја преземе сопственоста и одржувањето на дел од спомениците од „Скопје 2014“

Редакција

Едно лице убиено, а друго е повредено при пукање во Батинци

Редакција

(Фото) Битола во Зимска приказна од денес до 1 јануари

Редакција