еМагазин
Image default
Македонија

Утре завршува полицискиот час: Ќе има ли продолжување за празниците?

Забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на целата територија на земјава во временски период од 20.00 часот до 5.00 часот наредниот ден, којашто со одлука на Владата почна на 6 април, годинава, завршува утре (20 април).

Јавноста е во исчекување од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести и за тоа какви ќе бидат препораките во однос на продолжување на режимот на забрана за движење за време на престојните првомајски и велигденски празници.

Деновиве има намалување на бројките на новозаболени лица од Ковид-19 и благо намалување на бројот на починати. Пред неколку недели Македонија беше под силен бран од новозаболени и драстичен пораст на црниот биланс на починати, што беше и главно образложение за воведување на построг полициски час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денес до 20 април полициски час од 20 до 5 часот наутро

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вооружените сили на САД, дел од мисијата КФОР на Косово, ќе вежбаат на „Криволак“

Редакција

Лабораториите во МАНУ и на Институт за судска медицина ќе се вклучат во анализа на тестовите за корона вирусот

Редакција

СДСМ почнала постапка за исклучување на градоначалникот на Ново Село, Стојчев од партијата

Редакција